еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Како се лекуваат пациентите заразени со корона вирусот?

Во однос на лекувањето на заболените од корона вирус, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека сите институции се целосно опремени, пред се Клиниката за инфективни болести во Скопје, како со заштитна опрема за персоналот, така и со лекови кои се потребни за третман.

„Не постои некаков посебен и специфичен протокол за лекување. Се дава пред се симптоматска терапија во зависност од степенот на манифестација на болеста.

Полесните форми се лекуваат само со симптоматска терапија, потешките форми кои што ги зафаќаат белите дробови со антибиотска терапија и дополнително интензивна терапија за пациентите кои се на респираторна машина.

Последна студија покажала дека овој вирус не е осетлив на лекот тамифлу, така што се лечи по овој алгоритам,“ објасни Филипче.

Инаку, 50-годишната жена која е на Инфективна клиника и е првата заболена од овој вирус кај нас, не е приклучена на апарати за дишење, туку диши самостојно и е контактибилна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона вирусот пристигна и кај нас, заразена жена која месец дена била во Италија

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

Спасовски: Животот продолжува понатаму, засега нема одложување на јавни манифестации

На овие телефонски броеви може да се јавите при сомнителни симптоми на корона вирус

Фото: Shutterstock

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 32 лица од Ковид-19, од кои 11 во Скопје

Редакција

Угостителските услуги во мај поскапи за 13,4%

Редакција

Фондацијата Сорос најавува повлекување од ЕУ и фокусирање на Западен Балкан

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница