еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Kако што Грција најде волја за решение истото треба да го стори и Бугарија, порача Ципрас

Како што Грција најде волја за решение со Северна Македонија, истото треба да го стори и Бугарија, порача екс-премиерот на Грција, Алексис Ципрас во интервју за МИА, по повод тригодишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа.

„За жал, веќе подолго време гледаме тенденции за враќање во минатото со замрзнувањето на Меѓувладината конференција од страна на Бугарија. Го разбирам разочарувањето на народот од Северна Македонија.

Единствено можам да кажам е дека колку и да е тешко, пријателот Бугарија, треба да најде, како што најдовме ние, политичка волја за заемни прифатливи решенија што нè водат напред, наместо да нè затвораат во минатото“, истакна Алексис Ципрас.

По постигнувањето на Договорот од Преспа, партијата СИРИЗА раководена од Ципрас изгуби на изборите. Во Владата пристигна Нова демократија на Киријакос Мицотакис, која во 2018 година се произнесе против договорот, сметајќи го за штетен за грчките национални интереси.

Денеска, три години подоцна, Владата на Мицотакис го почитува Договорот, што предизвикува насмевка кај Ципрас.

„Како и да е, Грција се смени, Северна Македонија се смени и никој не може да нè врати назад. Секојпат кога го слушам Зоран Заев кога вели дека премиерот Мицотакис води битки за почитување на договорот и за европската иднина на Северна Македонија, се насмевнувам и си мислам: Никој не може да нè врати назад“, посочи Ципрас.

Тој смета дека со Преспанскиот договор многу работи се смениле, но дека може да се оди уште подалеку и уште многу работи да се променат на подобро. Заклучува дека со Договорот од Преспа, ЕУ била принудена да го деблокира процесот на проширување, да ја зајакне нејзината улога во регионот и да даде зелено светло, не само за Македонија, туку и за Албанија.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија најави дека ќе мора да преземеме „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска за влез во НАТО

Редакција

100 припадници на македонската Армија денеска заминаа да помогнат во санирање на последиците од невремето во Словенија

Редакција

Топ пет највисоки плати

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница