еМагазин
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Ацо Колевски, новиот претседател на Советот на јавни обвинители

Ацо Колевски е избран за нов претседател на Советот на јавните обвинители.

еМагазин ги разгледа двата анкетени листови, кои можат да се најдат на официјалната страна на Државната комисија за спречување на корупција. Едниот е кога станал јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија, а вториот кога станал член на Советот на јавни обвинители.

Каков имот пријавил?

Кога станал јавен обвинител, Колевски во анкетниот лист пријавил стан на сопругата од 67 метри квадратни во Скопје, стекнат со договор за купопродажба, проценет на 3,5 милиони денари.

На свое име пријавил куќа од 80 метри квадратни во Скопје, проценета на 3,7 милиони денари, од наследство.

Тогаш возел Цитроен, пријавил и кредит, кој требало да го исплати годинава, како и неколку девизни и денарски штедни книшки.

Пријавил и уплата за стан од 780 илјади денари, како заеднички имот.

Во делот на недвижен имот кога подоцна станал член на Советот на јавни обвинители, пријавил куќа од наследство на име на сопругата во Струмица од 196 метри квадратни.

Сега вози Опел астра. Кредитот го нема, а во банка има само девизни депозити од неколку илјади евра.

Двата анкетни листа, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во биографијата на новиот претседател на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски

Фото: Совет на ЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Prime Capital powered by Adora-компанија основана од македонски капитал и визија, сега дел од светските финансии

Редакција

Грција е задволна од досегашната имплентација на Преспанскиот договор, порача од Скопје грчкиот министер Дендиас

Редакција

Анализа на професорот Трајковски: Епидемијата со Ковид-19 забавува, прогнозите се добри, но болниците бавно се празнат и речиси се полни

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница