еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Фатон Ахмети, директорот на Фондот за здравство, кој поднесе оставка

Фатон Ахмети, кадар на владејачката ДУИ си поднесе оставка од функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување, а Владата на негово место го назначи Асаф Абдурамани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По оставката на Фатон Ахмети, Асаф Абдурамани назначен за в.д. директор на Фондот за здравство

Директорот на Фондот за здравство, Ахмети, поднесе оставка

Ахмети не ја наведе причината за оставката.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал директор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Фатон Ахмети, директорот на Фондот за здравство, кој си поднесе оставка

Каков имот пријавил

На негово име пријавил возило БМВ и кредит од 922 илјади денари, кој треба да го врати следната година.

На име на родителите пријавил деловен простор во Тетово, како и куќа исто во Тетово, која е од наследство.

На име на брат му пријавил уште едно возило, како и на име на сопругата.

Кредити пријавил и на име на брат му и на име на родителите.

Фото: Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повлечи ја одма статијата и извини се, побара Јашари од новинарка на „Фокус“ за вест за синот на Талат Џафери

Редакција

Според првичните резултати неважечки 31.107 гласачки ливчиња на изборите

Редакција

Бугарија ги кажа условите за датум за ЕУ: Скопје да не бара признавање на македонско малцинство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница