еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил градоначалникот на Желино, кој се прогласи за ненадлежен за поставување споменик на бранителите кај Карполак

На барањето на Министерството за одбрана за поставување на споменик на десетте бранители кај Карполак, кои во 2001 година беа убиени од терористичката УЧК, градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу преку медиумите на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и рече да се обратила до ЈП за државни патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Споменици на бранителите ќе има, градоначалникот на Желино да не мудрува, половина од градбите во општината му се дивоградба, вели Петровска

(Фото) Мизерија: Бранителите кои беа убиени кај Карполак се уште немаат споменик

Таа пак преку медиумите му одговори многу да не мудрува, оти половина од градбите во општината му се дивоградби.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал во вторпат градоначалник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е градоначалникот на Желино, кој влезе во вербална војна со министерката Петровска за споменик на бранителите кај Карполак

Каков имот пријавил

Пријавил недвижен имот кој во 2021 година го добил како подарок, ама не дал никакви други податоци, ни што е, ни каде е, ни колку вреди.

На име на родителите пријавил и 1/3 од градежно земјиште од 2.082 метри квадратни во Групчин, кое е исто подарок.

Пријавил и удел од 50%, но повторно не дал никакви други податоци.

На име на родителите пријавил 1/3 од бензинска пумпа во Групчин. И тоа е подарок.

Фото: Фејсбук/Сејдиу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во регионов најевтини се горивата во Црна Гора

Редакција

Концерт во чест на Даниел Милошески – Данче, на 10-годишнината од смртта

Редакција

Излезноста до 13 часот 26,35%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница