еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Валентин Груевски, кој се спомнува во аферата „Тајни имоти“ на ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера ги објави првите четири имиња од т.н. афера „Тајни имоти“.

Станува збор за Алберт Муслиу, Валентин Груевски, Ивица Јефтиќ и Новица Печински.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кој крие градежни фирми, станови, куќи и скапи возила: ВМРО-ДПМНЕ објави нови детали од аферата „Тајни имоти“

(Видео) 123 функционери на СДСМ и ДУИ кријат имот од 30 милиони евра, објави ВМРО-ДПМНЕ

Податоци на веб страната на Антикорупциската комисија може да се најдат единствено за Груевски, кој е актуелен директор на ЈП Македонски шуми.

На веб страната има неколку анкетени листови за Груевски, а последниот е кога бил советник во Општина Битола.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Немам поднесено анкетен лист“, вели Ивица Јевтиќ, кој се спомнува во аферата „Тајни имоти“ на ВМРО-ДПМНЕ

Се огласи Валентин Груевски, кој се спомнува во аферата „Тајни имоти“ на ВМРО-ДПМНЕ

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил куќа од наследство во Битола од 72 метри квадратни, а на име на сопругата исто така куќа од наследство во Ресен.

На име на родителите пријавил земјоделско земјиште во Могила исто така од наследство.

Вози Голф 5 караван, а има и кредит од 150 илјади денари, кој треба да го врати следната година.

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмалку 13 загинати, меѓу кои и деца, во смртоносни бури низ Европа

Редакција

(Фото) Осомничен криминалец му испрати новогодишна честитка на јавен обвинител

Редакција

Каков имот пријавиле членовите на ДИК: Потпреседателката Дитмире Шеху има само кредит

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница