еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила поранешната обвинителка, Лиле Стефанова, која ќе ги застапува „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“

Поранешната обвинителка од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Лиле Стефанова и понатаму ќе ги застапува предметите на СЈО, „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“.

еМагазин го разгледа нејзниот анкетен лист кој го доставила до Државната комисија за спречување корупција кога станала обвинител во СЈО.

Каков имот пријавила?

Според нејзиниот анкетен лист доставен до Државната комисија за спречување корупција, таа на свое име пријавила заем и кредит од 600 илјади денари. Кредитот ќе го исплаќа до 2020 година, а заемот од 1,2 милион денари, како што навела требало да го врати во 2017 година.

На име на брачниот другар пријавила неколку парцели земјоделско земјиште во Радовиш, кои се подарок, како и куќи во Радовиш и Раклиш, исто така подароци и возило Пежо 206.

На име на децата пријавила стан во Скопје од 77 метри квадратни, проценет на 4,4 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил поранешниот обвинител на СЈО, Гаврил Бубевски, кој ќе го застапува предметот „Монструм“

Каков имот пријавила поранешната обвинителка на СЈО, Фатиме Фетаи, која ќе го застапува предметот „Монструм“

Каков имот пријавила поранешната обвинителка на СЈО, Елизабета Јосифовска, кој ќе го застапува предметот „Тотал“

Каков имот пријавила обвинителката Ленче Ристоска, која ќе го застапува случајот „Талир 2„

Фото: 1ТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видеа кои што ја покажуваат страшната разурнувачка моќ на земјотресот во Турција и Сирија

Редакција

За првпат во Македонија: Трговците избраа 100 ТОП брендови, кои македонски производи се на листата 

Редакција

Грција бара да нема судење за притворениот за купување гласови градоначалник на Химара од грчкото малцинство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница