еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавиле двајцата пратеници од Беса на Касами, Теута Биљали и Фадил Зендели

Двајцата пратеници од крилото во Беса на Биљал КасамиТеута Биљали и Фадил Зендели деновиве се во фокусот на јавноста и медиумите, поради финалната фаза од процесот за уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа.

еМагазин ги разгледа нивните анкетени листови доставени до Државната комисија за спречување корупција.

Теута Биљали нема ништо на свое име

Пратеничката Биљали нема никаков имот на свое име.

На име на родителите пријавила земјиште, пасишта, куќи во Тетово и Мала Речица, стан во Тетово и станбена зграда со земјиште, проценета на над 180 милиони денари во Тетово.

На име на сопругот пријавила возило БМВ.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

Фадил Зендели вози Шевролет Орландо

Пратеникот Зендели пак на име на родителите пријавил апартман и куќа во Гостивар.

На свое име пријавил возило Шевролет Орландо, земјиште во Ростуше и кредит кој го отплаќал до 2017 година.

Целиот негов анкетен лист ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеници и членови на Беса на Фејсбук: Барањата се на Биљал Касами, а не на Беса

Кои се двајцата „тврдокорни“ пратеници на Беса на Касами

Касами демек голем фраер

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Првомајска забава на мечките на Шар Планина

Редакција

Кривичен го прифати обвинението за Васил Јованов, се чека термин за судење

Редакција

За Србија и Косово нема европска иднина без имплементација на договорот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница