еМагазин
Image default
Бизнис

Какви понуди и промоции да очекуваат корисниците од А1

По повод официјалната објава за промена на брендот, A1 подготви посебно изненадување за сите свои корисници со кое ќе можат да уживаат во премиум дигитално искуство, информираат од компанијата.

„Сите корисници кои ќе ја симнат новата и усовршена апликација Мојот А1 добиваат бесплатен еднократен интернет пакет со 10GB.

Сите нови и постојни корисници кои ќе склучат договор на А1 Neo M или A1 Neon тарифните модели, добиваат новa услуга А1 Net Sef – личен сеф за интернет, каде што корисниците можат да го сочуваат неискористениот месечен мобилен интернет и ќе може да го користат кога и да посакаат, а воедно и лесно да го раководат преку Мојот А1 апликацијата.

Деловните корисници можат да уживаат во придобивките на А1 Business понудата која овозможува поефикасно решавање на сите бизнис предизвици, во секое време, каде и да се.

Со тарифите А1 Neo XL и A1 Neo L, корисниците добиваат 1GB интернет во роаминг, секој месец.

A1 Combo, производот што овозможува одлично дигитално искуство со одличен квалитет, најдобри ТВ филмски канали, неограничен интернет, а од вчера е достапен за сите нови корисници со Smart Band подарок“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што треба да знаат корисниците, откако Вип стана А1

(Фото) „Вип“ стана „А1“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ ја зголеми добивката за 198%

Редакција

Македонскиот BtoBet заедно со сестринските компании се продаде за неверојатни 1,2 милијарда долари

Редакција

Во Хрватска кај пиперки увезени од Македонија откриен токсичен пестицид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница