еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Какво време не очекува за новогодишната ноќ

Студено, со северозападен ветер и без врнежи ќе биде новогодишната ноќ.

Од УХМР информираат дека во текот на новогодишната ноќ врнежи нема да има. На 31 декември и на првиот ден од новата година ќе дува северен ветер, а преку ноќта ќе се зголеми облачноста.

До Нова година не очекува постуден период, со утрински температури што ќе се движат од минус шест до два во сабота, минус седум до еден во недела и минус осум до нулата во понеделник.

Дневната температура во сабота ќе се движи од еден до седум степени, во недела од минус еден до шест и во понеделник од нула до седум степени.

На 31 декември, во вторник утринската ќе се движи од минус 10 до минус три, а дневната од три до девет степени, а на првиот ден од новата година утринската температура ќе биде од минус осум до нула, а дневната од два до осум степени.

Врнежи од снег се очекуваат во сабота во северните делови на земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за образование и наука склучи договор со “Арс студио Тамара“ вреден 5,1 милиони евра

Редакција

Кои се најчестите симптоми и хронични заболувања кај заболените со коронавирусот во Македонија

Редакција

Детален преглед: Најмногу граѓани вакцинирани со прва доза на вакцина во Скопје, Битола и Тетово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница