еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Каматните стапки ќе растат

Очекувањата се дека каматните стапки ќе одат нагоре, но се прават обиди тоа да биде умерено и да не се одрази значително кај населението и корпоративниот сектор, изјави денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Одговарајќи на новинарски прашања по објавувањето на пролетните макроекономски проекции, гувернерката рече дека затегнувањето на монетарната политика се прави внимателно и умерено за да нема нагли промени кај активните каматни стапки.

– На глобалните финансиски пазари веќе одреден период има нагорно поместување на каматните стапки. Ние сме дел од глобалниот трговски и финансиски систем и тоа што се случува во глобалната економија, има влијание и кај нас.

Оттаму, како централна банка почнавме со затегнување на монетарната политика, но тоа го правиме внимателно и поумерено со цел да нема нагли промени кај активните каматни стапки, рече Ангеловска-Бежоска.

Народната банка на двапати ја зголеми основната каматна стапка по 0,25 процентни поени и таа сега е на ниво од 1,75 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка: Економскиот раст годинава само 2,9%, инфлацијата 8,8%

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на струјата нема да поскапи повеќе од 1%, дополнителна евтина струја ќе нема, велат од РЕК

Редакција

Македонија од четврток на зелената листа на Кипар: Граѓаните ќе може да патуваат без тест или карантин

Редакција

Поранешниот шкотски премиер во Охрид починал од срцев удар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница