еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Камчев синоќа пренесен во Шутка: Притвор за дел од петмината во „Империја“

Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ синоќа биле пренесени во истражниот затвор Шуто Оризари, јави „Телма“ чии што репортери ги регистрирале нивното пристигање.

Во затворот „Шутка“ синоќа биле притворени дел од петте осомничени кои беа на распит за случајот „Империја“ на СЈО. Пристигнаа околу 2.30 часот, со возила, поради што не можеше да се утврди за кој точно станува збор, пренесе МИА.

Новинарските екипи кои беа дојдени многу порано не го дочекаа пристигнувањето на поранешниот премиер Никола Груевски кому Кривичниот совет му ја одби последната жалба за изречената двегодишна казна затвор за „Тенк“.

За случајот „Империја“ петмина од вкупно 13 осомничени до доцна синоќа беа на распит во скопскиот Кривичен суд. Се одлучуваше за одредување мерка притвор.

Во судот беа бизнисменот Јордан Камчев, неговиот соработник Ненад Јосифовиќ, директорот на „Ексико“ Тодор Мирчевски, директорот на ЗК „Пелагонија“, Цветан Панделески и сметководителката во фирмите на Камчев, Зорица Арсовска.

Од СЈО вчера информираа дека е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Во текот на предистражната постапка, со преземање различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека од 2002 до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.

МИА/Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитерџиите за новата истрага на СЈО: Ако чепнат секаде каде што треба, нема да знаеме што со парите

Приведените во „Империја“ донесени на распит пред судија на претходна постапка

„Империја“ е нова истрага на СЈО: Вклучени семејството Камчеви, Мијалков и сопственикот на „Пелистерка“ Панделески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Јован Деспотовски, кој поднесе оставка од директорското место во ТИРЗ

Редакција

„Слобода превоз“ ќе поведе судски спор за раскинувањето на договорот со Град Скопје

Редакција

Истражување на Владата: 73% од граѓаните не го прележале корона вирусот, 51% планираат да се вакцинираат

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница