еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

“Каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград е чин на вандализам“, Ковачевски очекува бугарските власти да ги пронајдат сторителите

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски го осуди демолирањето на македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров„ во Благоевград.

-Каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград е чин на вандализам кој најостро го осудувам. Ваквите активности не соодветсвуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави.

Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот. Северна Македонија во духот на европските вредности, ќе продолжи со заложбите за зацврстување на дипломатската и позитивна агенда меѓу Северна Македонија и Бугарија, напиша тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Вандализам и криминал не се европски вредности“: Пендаровски го осуди каменувањето на клубот во Благоевград

Фотографии од демолираниот македонски клуб во Благоевград, ОМО Илинден Пирин бара истрага од бугарските власти

Искршено стаклото на македонскиот клуб во Благоевград

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Очекуваме наскоро да бидат свикани меѓувладините конференции со Северна Македонија и Албанија, изјави Мицотакис на средбата со Петков

Редакција

Бројот на заболени со британскиот сој на Ковид-19 во Македонија се искачи на 56

Редакција

Србија отвора конзулат во Охрид, почесен конзул ќе биде Михајло Филев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница