еМагазин
ЖИВОТ

Кампања за дарување коскена срцевина и работилница за трансплантација

Подигнување на свеста за хуманост, промовирање на солидарноста и можноста преку запишување во националниот дарителски регистар, дарувајќи коскена срцевина, секој да може да спаси човечки живот, е целта на кампањата „Биди срцевина, биде херој“, што ќе ја спроведува Универзитетската Клиника за хематологија во соработка со Институтот за имунологија и хумана генетика при УКИМ, Медицинскиот факултет и Министерството за здравство.

Директорката на Клиниката, Ирина Пановска Ставридис денеска на средба со новинарите посочи дека кампањата ќе биде промовирана на 13 април во рамки на првата дводневна работилница за трансплантација на коскена срцевина насловена „Идни перспективи и предизвици“ на која ќе учествуваат 60 врвни меѓународни експерти од земјава и странство од областа на трансплантацијата на коскена срцевина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Совети за пациенти со онколошки заболувања во време на корона вирусот

Редакција

Жените го губат и животот поради континуирана системска негрижа за здравјето, велат од Платформата за родова еднаквост

Редакција

Тевдовски и Елези: Одлично функционираме како тим

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница