еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Кампањата за зголемување на бројот на донори „Биди срцевина, биди херој“ во недела ќе биде дел од трката Скопје трча

Во недела на 8 мај ќе се одржи шестото издание на HalkEco Skopje Run 10KM, трка која станува дел од традицијата на град Скопје.

Со цел зголемување на бројот на доброволни донори во Македонскиот дарителски регистер за Коскена Срцевина, за време на настанот, во рамките на кампањата „Биди срцевина, биди херој“, организирана од страна на Универзитетската клиника за хематологија и Институтот за имунобиологија и хумана генетика, а поддржана од Министерството за здравство, ќе биде отворен пункт каде што сите граѓани на возраст од 18 до 50 години кои се во добра здравствена состојба ќе можат да станат дел од Националниот регистар (МДРКС), а со тоа да спасат и човечки живот.

Сите што сакаат да бидат дел од регистарот, треба да одвојат само 5 минути од своето време и да донираат 5 мл крв. Со зголемувањето на бројот на доброволни дарители во Дарителскиот регистар за коскена срцевина се зголемуваат и шансите за пронаоѓање на соодветен дарител за пациентите за кои единствен спас е трансплантацијата на матични клетки.

Заинтересираните граѓани истовремено ќе можат и подетално да се информираат за тоа како и кој може да стане дарител, како и за значењeто на трансплантациите како можност за лекување.

Пунктот ќе биде лоциран на стартот на трката, од 08:30 часот, на бул Илинден пред фонтаната Лотос.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 100 пластични хирурзи, дерматолози, стоматолози и орални хирурзи дел од Првиот меѓународен Симпозиум за естетска медицина

Редакција

Ротари клубот „Кочани – Виница“ донираше нови кревети за локалните болници во вредност од над 100.000 евра

Редакција

Завршува заедничкото патување на Adventure Macedonia и Мсат – новооткриени природни убавини и одлична телевизија каде и да сте во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница