еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Канабисот отстранет од списокот на најопасни дроги на ОН

Комисијата на ОН за наркотици го отстрани канабисот од списокот на најопасни дроги, на кој се наоѓаат и хероинот и синтетичките опијати.

Канабисот е опфатен со Единствената конвенција за опојни дроги во 1961 година. Тој беше вклучен во категорија што дозволува национални забрани за дроги со „особено опасни својства“.

Потегот на Комисијата на ОН за наркотици, чие седиште е во Виена, е преземен врз основа на препорака на Светската здравствена организација (СЗО).

Одлуката ја поддржаа 27 земји, 25 беа против, а една беше воздржана.

Сепак, Комисијата не го легализира канабисот. Тој сè уште е наведен меѓу дрогите кои предизвикуваат „голема зависност и злоупотреба“.

Тоа значи дека производството и трговијата со канабис сè уште е ограничено на употреба во научни и медицински цели според меѓународното право.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од партијата на Љубчо Героргиевски бараат државата да докажала дека Ванчо Михајлов бил соработник на фашистите

Редакција

Акцијата „Планина“ пробиена, нарко босовите на групите во Грчец и Гази Баба во бегство

Редакција

Четири лица исчезнале на Кожуф, за среќа пронајдени живи и здрави

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница