еМагазин
Image default
Македонија

Канческа Милевска на суд: Ново рочиште за случајот „Тендери“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска е закажано ново рочиште за случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Случајот „Тендери“ се наоѓа во доказна постапка. Во него првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

По паузата за новогодишните и божикните празници во Кривичниот суд за неделава закажани се уште четири нови рочишта за случаите „Т.Н.Т.“, „Транспортер“, „Монструм“ и „ Насилство во општина Центар“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 јули граѓаните поднеле 385 барања до Европскиот суд за човекови права

Редакција

Џафери свика состанок на претседателството на Собранието откако синоќа не беа изгласани законите од петиот сет антикризни мерки

Редакција

Кај жена од гостиварско пост мортум откриено присуство на Ковид-19, во изолација десетина лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница