еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кандидатот на ДУИ, Алија Јаоски е новиот градоначалник на Пласница

Алија Јаоски, кандидатот на ДУИ е новиот градоначалник на Општина Пласница.

Јаоски најави дека функцијата ќе ја извршува чесно и дека ќе работи 24 часа за општината, а приоритет ќе му била инфраструктурата и вработувањето на граѓаните.

„Функцијата градоначалник ќе ја извршувам чесно. Ќе продолжам онаму каде застана претходниот градоначалник со проектите, да ги дореализирам, за овие десет месеци.

Ќе бидам градоначалник за сите, ќе работам 24 часа во Општина Пласница. Во оваа општина е доста направено, а јас тоа ќе го продолжам“, изјави Јаоски.

Јаоски е брат на претходниот градоначалник на Пласница, Исмаил Јаоски, кој беше избран за пратеник во Собранието.

Фото: Фејсбук/Јаоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Орхан Адеми избран за заменик на главниот државен ревизор

Редакција

(Видео) Апокалиптични сцени од пожарот во Калифорнија: Досега загинаа 76 лица

Редакција

Бугарската партија „Има таков народ“ ќе побара затворена седница во Парламентот за Македонија

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница