На 24.04., во 15,45 часот, во ПС Тетово лицето Т.Д. (44) од Тетово пријавил дека на 22.04. околу 20,00 часот додека на ул. 142, го шетал своето куче – раса белгиско-германски овчар, тој и кучето биле нападнати од куче раса – „Турски кангал“ којшто неговиот сопственик, го шетал без ланец и заштитна маска, информира МВР.
„При нападот пријавителот и неговото куче неколку пати биле каснати од „кангалот“, а со помош на случајни минувачи успеале да се оддалечат од местото на настанот.
По ова пријавителот го однел своето куче во ветеринарна амбуланта, а тој подоцна побарал и медицинска помош во Клиничка болница во Тетово, каде што му била констатирана повреда на десната подколеница. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти МВР.