еМагазин
Image default
Бизнис

Капитал Ассет Менаџмент – ново друштво за инвестиционо советување и управување со индивидуално портфолио на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) даде дозвола за работа на ново Друштво за инвестиционо советување – Капитал Ассет Менаџмент ДООЕЛ Скопје.

Друштвото Капитал Ассет Менаџмент, согласно Законот за хартии од вредност, самостојно ќе работи на инвестиционо советување, a посредно ќе управува со портфолија на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент.

Управувањето со портфолија ќе го врши преку брокерската куќа Инвестброкер АД Скопје, која има најшироки овластувања согласно Законот за хартии од вредност и е единствена небанкарска институција од земјава со овластување за тргување на странски берзи.

Капитал Ассет Менаџмент е единственото друштво за инвестиционо советување кое ќе биде учесник на пазарот на хартии од вредност во државата.

„На македонскиот пазар се појавува нов правен субјект за инвестиционо советување и управување со индивидуални портфолија на хартии од вредност, но со тим кој има долгогодишно работно искуство во овие области.

На пазарот ќе понудиме одредено раздвижување и ќе внесеме  свежина во работењето. Како и досега, успешно ќе менаџираме со портфолијата на нашите клиенти и ќе ги советуваме за тоа како правилно да ги инвестираат своите пари“, вели Коста Костадиновски, основач на Капитал Ассет Менаџмент.

Костадиновски е лиценциран инвестициски советник од Комисијата за хартии од вредност со 17-годишно искуство во областа на финансиите и пазарот на капитал. Јавноста досега го знаеше како извршен директор на Илирика Фунд Менаџмент, а во својата професионална кариера работел и извршувал функции во финансиски институции како банки и пензиски фондови.

Дозволата за работа на Капитал Ассет Менаџмент е донесена на 119-тата седница на Комисијата со која претседава претседателот на КХВ, м-р Нора Алити.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините на историско најниско ниво: „Еуросупер БС-95“ падна под 50 денари

Редакција

Македонска берза: Бесплатно електронско тргување со хартии од вредност поради корона вирусот

Редакција

Оливера Панева нов член на Управниот одбор на Алкалоид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница