еМагазин
Image default
Македонија

Караџовски е во добра здравствена состојба, ама не сака да биде „турска серија“, па често да се појавува по медиуми

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски по боледувањето од Ковид-19, е во добра здравствена состојба. Тој на денешната прес-конференција ги демантираше наводите дека не сака да контактира со медиуми.

– Можам на сите да им потврдам, жив, здрав сум, одам на работа секојдневно и Комисијата за заразни болести после моето преболување одржува редовни состаноци со динамиката којашто ни е одредена од порано, рече Караџовски.

Во однос на динамиката на неговите јавни настапи, истакна дека доколку има потреба тој е слободен и според она што ќе го одлучи Министерството за здравство и министерот ќе се одржуваат прес-конференции.

– Дека не сакам да контактирам со медиумите не е точно, меѓутоа исто така не би сакал да станам турска серија, во делот секој ден да ме гледате мене, бидејќи тоа не е во ред исти коментари да има за исти или слични прашања.

Кога имаме нешто ново да ви соопштиме е во ред да ви кажам новитети или нешто што не ви е јасно. Ви стојам на располагање за што и да ме прашате, никогаш не сум избегнал одговор, посочи Караџовски.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ученик нападнал професорка во Велeс, јавноста дозна после три години

Редакција

Првите вакцини за Ковид-19 преку Ковакс-механизмот ќе стигнат на крајот на месецов или на почетокот на февруари, уверува Филипче

Редакција

Во Собранието утре почнува финалето на промена на Уставот: Ќе има ли дво-третинско мнозинство?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница