еМагазин
Image default
Спорт

Каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Светските игри во боречки спортови

Главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, од 18 до 22 октомври ќе биде домаќин на Светските игри во боречки спортови, а двајца членови на карате клубот „Макпетрол“, Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, ќе учествуваат на глобалниот собир. Ова натпреварување, освен карате, вклучува и 15 други спортови.

Пријавени се над 1.700 индивидуалци од 80 земји, контролата ќе ја вршат повеќе од 400 судии и технички лица, а мечевите ќе се одржуваат во пет различни објекти.

Пресуден услов за учество на игрите е спортистите да се наоѓаат меѓу осумте најдобри на Светската карате ранг-листа. Во секој спорт, како и во секоја тежинска категорија, ќе учествуваат единствено првите осум спортисти, односно само тие што се најдобро пласирани на своите светски ранг-листи.

Претставниците на „Макпетрол“ ќе се натпреваруваат во засебни тежински категории. Витомир Трајковски ќе настапи во полутешка (-84 кг.), додека Стефан Стојановиќ ќе учествува во тешка категорија (+84 кг).

На официјалната ранг-листа на WKF (Светска карате федерација), Трајковски е прворангиран, додека Стојановиќ е на третата позиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

40.000 навивачи кои присуствувале на фудбалскиот меч Аталанта – Валенција во февруари заразени со коронавирусот

Редакција

Заев: Владата ќе ги награди сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра

Редакција

Репрезентацијата го завршува настапот на ЕУРО 2022: Македонија загуби од Црна Гора, останува уште дуелот со Данска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница