еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Караванот „Македонијо во срце те носиме“ во недела патува во Кочани

По одличните концерти во Штип, Битола, Велес и Прилеп караванот „Македонијо во срце те носиме“ во недела, на 1. октомври, ќе гостува во Кочани.

Концертот е со почеток во 20 часот, а ќе се одржи во Паркот на револуцијата.

Веќе ви е добро познато, на репертоарот се „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“… отпеани од златните грла на Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

„Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, во чии рамки се препеани 12 родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски.

Проектот има за цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.

Фото: Промо

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Анима Мунди“ до Ковачевски: „Не ни треба Брисел, ниту се неопходни пари, за да го измените по итна постапка Законот за заштита и благосостојба на животните“

Редакција

Левица нема да учествува во работната група за уставни измени

Редакција

Поплавите во Германија досега однесоа 133 животи

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница