еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Kатастрофална ситуацијата во Мариупол: Децата заспиваат гладни, болните не добиваат лекови

Црвениот крст ја опиша како катастрофална ситуацијата во Мариупол, украинскиот пристанишен град кој е под опсада на руските сили.

Во Мариупол со денови паѓаат бомби и гранати, а Русите завчера ги бомбардираа родилиштето и детската болница во Мариупол, јавуваат светските агенции.

Саша Волков, шеф на делегацијата на Црвениот крст во Мариупол, рече дека добива извештаи оти резервите на храна и вода се на „опасно ниско ниво“.

Во аудио порака снимена, Волков вели дека „многу семејства веќе немаат храна за своите деца“.

Тој додаде дека „има еден вид црн пазар за зеленчук“, но „месо не може да се најде никаде“.

Резервите на лекови се при крај, рече Волков, додавајќи дека „градските аптеки се ограбени пред четири до пет дена“. Некои болници, сепак, сè уште работат.

– Луѓето почнаа да се разболуваат од влажноста и од студот. Недостигаат лекови, особено за дијабетичарите и за оние кои боледуваат од рак. Но, не постои никаков начин овие лекови да се најдат во градот, рече Волков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко фото) Загинатите цивили во Мариупол ги закопуваат во масовна гробница

(Вознемирувачко видео) Голема материјална штета од нападот на детската болница во Мариупол

МИА/Фото: Светска здравствена организација во Украина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска комора бара од Македонската берза одложување на новите правила за котација и кодекс за управување

Редакција

На Кина и се заканува меѓународна изолација, ако не соработува во истрагата за потеклото на Kовид-19

Редакција

“Немам поднесено анкетен лист“, вели Ивица Јевтиќ, кој се спомнува во аферата „Тајни имоти“ на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница