еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Катимерини: Грција нема да ја блокира Северна Македонија, но има свои услови

Грција нема да ги блокира амбициите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, но ќе очекува одредени отстапки за возврат, наведува „Катимерини“ пренесувајќи ставови на грчки аналитичари.

Весникот потсетува дека Европската комисија препорача одредување датум за почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ и дека сега останува Советот на Унијата во октомври да ја донесе конечната одлука за ова прашање.

Извори во Кабинетот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за весникот изјавиле дека Грција: „нема никому да каже „не“, но дека ќе постави свои услови“.

Аналитичарите оценуваат дека ваквиот став значи оти Атина ќе бара од Скопје стриктно почитување на Преспанскиот договор, а во исто време ќе врши притисок врз Берлин да ги прифати грчките барања за намалување на примарните цели на буџетскиот суфицит, наведува „Катимерини“.

Во случајот со Албанија, аналитичарите проценуваат дека Атина ќе инсистира на подобро почитување на правата на припадниците на грчкото малцинство во земјата, во согласност со меѓународните договори и регулативи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата приведе 97 ѕидари кои работеле на „црно“ и без регулиран престој во земјата на градилиштето на „Лимак“

Редакција

(Табела) Најголем дел од новозаразените со Ковид-19 се на возраст од над 60 години

Редакција

Заев за средбата со Боки 13: Состанокот беше за отворање на старечки домови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница