еМагазин
Image default
Локално

Казна за семејно насилство: Маж влечејќи ја за коса сопругата ја внел во такси во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 36-годишен жител на Долна Бањица за кривично дело – телесна повреда.

„При вршење семејно насилство, на 23.12.2020 година во вечерните часови, тој телесно ја повредил неговата сопруга.

Имено, по претходна вербална расправија во центарот на Гостивар, тој најпрвин започнал вербално да ја навредува сопругата, а потоа ја фатил за блуза и за коса и ја тегнел, па така ја ставил во такси возило со кое се упатиле дома.

На тој начин на оштетената и нанел телесни повреди и предизвикал вознемиреност и стрес“, соопшти Обвинителството.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Едно лице загина, а седуммина се повредени во несреќа на патот Гостивар-Кичево

Редакција

Затвореници подметнаа пожар во „Идризово“, нема материјална штета

Редакција

Општина Аеродром и Муцунски казнети со 88.000 евра поради исфрлање на отпад на јавна површина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница