еМагазин
Image default
Македонија

Кежаровски: Во затворот во Шутка цените на телефоните скокаат и до 1.000 евра кога престојуваат политичари

Новинарот Томислав Кежаровски, кој осум месеци помина во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, за Слободен печат вели дека цената на мобилните телефони во затворот се движи во зависност од тоа кој се наоѓа во затворот.

– Исто е како на берза, доколку се притворени министри, богати бизнисмени, цената на телефоните рипа, но доколку во тој момент нема некои интересни ликови, туку обични смртници, цената е „дај шта даш“. Јас кога бев во притвор, во некои моменти цената достигна и до 1.000 евра. Телефонот Ви го продаваат, но не Ви гарантираат колку време ќе го имате, никој тоа не може да ви го гарантира – објаснува Кежаровски.

Тој додава дека може да се случи еден чувар да Ви продаде телефон, а друг чувар да дојде за половина час и да Ви го земе.

– Јас тврдам дека 90 отсто од притворените лица, телефонот го користат за да се слушнат со фамилијата. Значи никој не го злоупотребува телефонот, нарачуваат јадење, облека и слично – вели новинарот за Слободен печат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој му дозволува на командантот Малишева да си пишува статуси на Фејсбук, нели телефоните се забранети во затвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бухова: Само за едно лице постои степен на загрозеност од контактите на министерот Спасовски

Редакција

(Видео) Афера “Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ објави нови имиња на функционери кои земаат високи плати

Редакција

Министерство за правда достави до Владата предлог за разрешување на Љупчо Коцевски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница