еМагазин
Image default
Локално

Кичевчанец загина во сообраќајна несреќа кај гостиварско Ново Село

Кичевчанец загинал во сообраќајна несреќа, а две лица се потешко потврдени откако автомобилот со кој се превезувале излетал од патот.

Според СВР Тетово, ноќеска, десетина минути по полноќ, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселски мост, патничко моторно возило „бмв” со швајцарски национални ознаки, управувано од М.С. (54) од Кичево излетало од коловозот.

– Во несреќата, М.С. починал на самото место, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а сопатничката Н.С. (52) и сопатникот Ќ.А. (52) од Кичево, се здобиле со повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, информираат од СВР Тетово.

На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар. По наредба на ЈО телото на М.С. е предадено за обдукција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охриѓанец фрлил ќеса со кокаин пред очите на полицијата

Редакција

Од 32 потребни има само 16 пожарникари, вели кочанскиот градоначалник Крстевски

Редакција

46-годишен маж од струмичко загина откако бил прегазен од камион

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница