еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Кичевски печалбар изгради куќа на социјално загрозено семејство

Деветчленото семејство Салиу од село Бачишта кичевско живеело во една стра трошна куќа изградена со кал и прачки, со два кревета без кујна и тоалет, па кога за ова дознал печалбарот кичевчанец од село Зајас кој живее и работи во САД, тој од свој џеб им изгради нова куќа на социјално загрозеното семејство Салиу, односно донирал 12.000 долари.

За да се докомплетира новоизградената куќа помогнале и неколку други кичевски бизнисмени. Донаторот инсистира да не му се објави неговото име.

-Јас оваа донација ја давам од хумани причини, а не за афирмација. Ќе бидам среќен ако и тоа семејство барем за момент се чувствува среќно, изјавил донаторот.

Семејсвото Салиу од ова кичевско село Бачишта изразува благодарност до хуманиот човек, но и до сите други хумани луѓа кои помогнаа тие да се преселат во новата куќа.

Иницијативата за да му се помогне на ова семејство потекна од група интелектуалци од овој регион на Кичево, кои знаеле за тешкотиите со кои се соочувало и решиле да побараат помош.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бонус од 5% со American Express на бензинските станици ОКТА

Редакција

(Видео) Врати се во игра! – Од септември Бизнис 3х3 Баскет

Редакција

Битола е единственото место каде дискутираме за нашата работа и се дружиме, велат кинематографите на „Браќа Манаки“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница