еМагазин
Бизнис

Кичевско Тајмиште лани работело со загуба

Тајмиште АД Кичево за периодот јануари-декември 2021 година оствари загуба во износ 30.387 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех, информираат од таму преку Македонската берза.

„Вкупните приходи во 2021 година изнесуваат 18.651 илјади денари и истите се намалени за 72,61% во однос на претходната година кога изнесувале 68.091 илјади денари.

Вкупните расходи во 2021 година изнесуваат 49.038 илјади денари и истите се намалени во однос на 2020 година за 55,75%, кога изнесувале 110.802 илјади денари.

АД Тајмиште нема обврски по кредити во банки на 31.12.2021 година.

За наредната година одборот на директори очекува зголемување на приходите со изнаоѓање нови работи од областа на рударството како и рационализација на трошоците“, велат од Тајмиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кичевско “Тајмиште“ со загуба во првите девет месеци

Кичевско “Тајмиште“ со загуба во првите девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Азески до Ковачевски: Програмата за енергетска ефикасност поголема од 2,5 милиони евра, една година не е потпишана од Владата

Редакција

Продадени два блока акции од „Алкалоид“ за 223.000 евра

Редакција

„Макпетрол“ оствари добивка од 9,4 милиони евра за девет месеци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница