еМагазин
Image default
Локално

Киднапирале скопјанец и го тепале поради љубовна врска

На 31.10.2018 година во 20,40 часот во Полициска станица Кисела Вода, С.Ф.(20) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 01,45 часот во Скопје на булевар „Борис Трајковски, по претходно телефонски договорена средба, откако излегол од својот дом, С.К. заедно со уште едно непознато лице насилно го внеле С.Ф. во патничко моторно возило во кое како сопатник била С.Ц., по што додека се движеле непознатото лице и С.К. физички го нападнале С.Ф., а потоа откако истиот изјавил дека е во љубовна врска со С.Ц., С.К. физички ја нападнал истата, информира МВР.

По ова, во населба Керамидница, С.К. и непознато лице го извадиле С.Ф. од возилото и повторно физички го нападнале.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработените во ЈСП добија плати, градскиот сообраќај функционира нормално

Редакција

Татко од Тетово ја силувал неговата малолетна ќерка

Редакција

Тешко повредена жена по удар од велосипед на „Партизанска“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница