еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кирил Пејчиновиќ канонизиран во светител

На света божествена литургија во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“, беше канонизиран македонскиот просветител и игумен лешочки Кирил Пејчиновиќ.

Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г. г. Стефан во сослужение со архиереите на Светиот архиерејски синод (САС) ја изврши канонизацијата на Кирил Пејчиновиќ во Преподобен Св. Кирил Лешочки.

Кирил Пејчиновиќ е роден во тетовското село Теарце во 1771 година. Првите почетоци од неговото образование биле во селото Лешок, а потоа во дебарскиот манастир „Свети Јован Бигорски”.

Откако татко му го продал имотот во Теарце, заедно со Кирил отишле во Света Гора каде што се замонашиле. По извесно време Кирил се вратил во Тетово, а оттаму во кичевскиот манастир „Света Богородица Пречиста“.

Во 1801 година станал игумен на Марковиот манастир во близина на Скопје. Тој го обновил оштетениот манастир и собирал стари текстови со што ја збогатил манастирската библиотека.

Отворил манастирско училиште, а тука ја напишал и својата прва книга „Огледало“, печатена во Будим 1816 година.

Во Марков манастир Пејчиновиќ живеел дваесетина години, по што се вратил во родното Теарце. Го обновил Лешочкиот манастир со помош на верниците и отворил училиште во кое го подучувал локалното население.

Кирил Пејчиновиќ се упокоил на 12 март 1845 година во Лешочкиот манастир и е погребан во црковниот двор.

Големиот македонски просветител, народен учител и игумен на Лешочкиот манастир, освен „Огледало“, ги напишал и делата: „Утешение грешним“, „Житие кнеза Лазара“, како и „Епитафот“ кој е врежан на неговата надгробна плоча.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје

Редакција

Платформата за родова еднаквост бара работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на маршот за 8 Mарт

Редакција

Поништен тендерот за надзор: Се одложува почетокот на изградбата на автопатиштата кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница