еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Клиничката болница Штип бара вработување на околу 50 лица, меѓу кои и 15 лекари

Околу 50 вработени, доктори, медицински сестри и секаков вид персонал недостасува на речиси сите одделенија во Клиничка болница Штип. Дел од вработените заминаа на работа во приватното здравство, друг дел се пензионираа, па како што вели директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев, ситуацијата со кадарот е тешка.

Тој информира дека денеска се потпишани барањата за вработување и очекува позитивен одговор од страна на министерствата за здравство и финансии. Барањето е за вработување на 15 лекари, а останатите се за медицински сестри, болничари, хигиеничари и физиотерапевти.

-Со оваа група која замина во приватната болница и овие два месеци имаме пензионирање на повеќе профили, сериозно се наруши бројката на вработени во Клиничка болница- Штип. Денеска ги потпишав барањата за вработување кои ќе бидат упатени до Министерството за здравство. Се надевам дека по две и пол годни конечно ќе бидат потпишани решенијата за примање, вели Ѓеорѓијев.

Кадар недостасува најмногу во Одделот за анестезиологија, од каде за два до три месеца си заминува уште еден анестезиолог, па на овој оддел ќе останат само тројца кои ќе треба да ја извршуваат работата во целата болница. Недостаток на кадар има буквално на сите оддели, но загружувачка е ситуацијата на ортопедија, Одделот за очни болетсти, инфективното одделение.

-Ние имаме недостаток буквално на сите оддели, најдрастична бројка каде ни треба да пополниме е Одделот за анестезија каде веќе во март, април ќе останеме со минус уште еден доктор и докторот кој замнина во приватната ординација ние ќе се сведеме буквално на тројца анестезиолози за цела болница со што ќе се отежни процесот на изведување на оперативни процедури, имаме потреба на ортопедија, на Одделот за очна болести, инфективни болести,  додава Ѓеорѓијев.

Во последните две години Клиничка болница Штип со над 500 вработени, сега е сведена на 440.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охрид „врие“ од туристи: Искористени 1.996 ваучери за домашен туризам во периодот од 15 до 23 јули

Редакција

Директорот на ТВ Алфа, Бојаџи: „ТВ Алфа“ е пријател на Албанците и на сите националности кои живеат во Македонија

Редакција

Пандемијата е далеку од завршена, богатите да ги споделат вакцините со сиромашните, велат од Светска здравствена организација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница