еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Која е Бранка Славеска, новата директорка на “Тиквеш„

Бранка Славеска на почетокот на следната година ќе почне да раководи со винаријата „Тиквеш„. Од 1. јануари таа ќе биде новиот генерален директор на винаријата.

Зад себе има богатата меѓународна кариера со повеќе од 25-годишно работно искуство на менаџерски позициии, а во „Тиквеш“ доаѓа од позицијата на комерцијална директорка и член на Управниот одбор на „Диагео Италија“.

Својата кариера ја започнала во „Пивара Скопје“, а во периодот 2005-2006 година била комерцијална директорка на „Тиквеш“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бранка Славеска е нов генерален директор на „Тиквеш“

Работела за „Хајнекен“, извршувајќи менаџерски функции на повеќе различни пазари како Русија, Белорусија, Босна и Херцеговина и Хрватска, а била одговорна и за регионот на Југоисточна Европа, како и во „Лаваца“ како директорка за меѓународни пазари.

Дипломирала на Машинскиот факултет во Скопје и магистрирала менаџмент и бизнис администрација на Универзитот Шефилд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за примена на јазиците вработува 13 државни службеници, плата до 37.968 денари

Редакција

Комората на трговци од Солун одби да дојде во Скопје заедно со Ципрас

Редакција

(Видео) Денеска во Тирана почнува Самитот на Берлинскиот процес, еве каде ќе се одржи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница