Најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации кое се однесува за набавени нови возила од државните институции, во последните две ипол години, покажува дека најскапото возило го купила Општина Струга и чинело 66 илјади евра.
Станува збор за автомобилот „Ауди А6“, кој според градоначалникот Рамиз Мерко, не е луксузен автомобил.
Средната вредност на возилата купени од државните институции изнесува 17 илјади евра.
Меѓу марките возила убедливо водат „Шкода“ и „Фолксваген“ од кои се купени 100, односно 88 нови возила, односно скоро половина од сите новонабавени возила се од овие две марки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Државните институции потрошиле 8 милиони евра за нови автомобили во последните две ипол години