еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Која е наследничката на Борис Џонсон, Лиз Трас: Од невообичаена говорничка и „кралица на Инстаграм“ до премиерка

По пребројувањето на гласовите од членовите на британската Конзервативна партија, поранешната министерка за надворешни работи, Лиз Трас, е избрана за лидерка на ториевците, со што автоматски станува премиерка на Велика Британија.

Политичкото патување ја одведе од либерална демократка до ториевци, од невообичаена говорничка до „кралица на Инстаграм“, како што ја нарече нејзин колега, пренесува Скај Њуз.

Нејзиниот понекогаш вкочанет стил стана видливо поопуштен, а сојузници се обидоа да го „омекнат“ имиџот на Трас, откривајќи ја нејзината љубов кон караоке и дружењето.

Трас има 47 години и родена е во Оксфорд.

Нејзиниот татко бил професор по математика, а нејзината мајка, медицинска сестра.

Таа е поранешна либерално демократска активистика, која маршираше против Маргарет Тачер во 80-те години од минатиот век.

Во 2012 година, по две години откако стана пратеничка, таа влезе во Владата како министерка за образование, а во 2014 година доби унапредување во секретарка за животна средина.

Во 2016 година, водеше кампања за Велика Британија да остане во Европската Унија. Подоцна го промени ставот кога Британците го поддржаа Брегзит.

Сопругот на Трас, со кого има две ќерки тинејџерки, е сметководителот Хју О’Лири.

Трас за пратениците од ториевците не беше прв избор за замена на Борис Џонсон. Сега таа ќе биде трета британска премиерка, по Тереза Меј и Маргарет Тачер.

МИА/Фото: Фејсбук/Трас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лек за уништување на сите цврсти видови рак почна да се тестира на луѓе

Редакција

За да спречите ширење на корона вирусот преку парите, не користете денарска и девизна готовина

Редакција

Разрешена претседателката на Судски совет, Весна Дамева – утре ќе се избира нов претседател

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница