еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој блефира, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ: Избори или уставни измени

ВМРО-ДПМНЕ се подговува за избори, СДСМ порачува дека ако нејзините пратеници не преземат одговорност, мнозинството во Собрание ќе распише избори, а ДУИ се уште се надева уставните измени, предвидени со договорот со Грција, да поминат во Собрание и не размислува за избори.

Вака отпрлика, барем официјално, изгледа поставеноста на партиите пред утрешното „откривање“ на картите, на пленарната седница во Собранието, каде треба да биде разгледан предлогот на Владата за уставни измени, кој пред неколку дена помина на Комисијата за уставни прашања, со 10 гласа ЗА и 7 ПРОТИВ.

Неофицијално, пак во политичките кругови се уште се вртат различни сценарија, иако од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека ни еден нивни пратеник нема да гласа за уставните измени.

Синоќа пак Владата го усвои ребалансот на буџетот за да се запазат роковите согласно законската регулатива за негово усвојување во Собранието до 15 ноември, во случај доколку не се донесе одлука за одржување на предвремени избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ребалансот на буџетот помина на Влада: Кој доби повеќе пари?

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори: Можни датуми 25 ноември, 2 декември, 9 декември или на пролет

ДУИ не размислува за избори

Заев за грчка „Та неа“ : Ако пратениците од опозицијата не сакаат да прифатат одговорност, одиме на избори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 43 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Мукаетов – панелист на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк банка“

Редакција

Вест на денот: Баџанакот на Џафери ќе разгледува дали има корупција при вработувањата на братот и синот на пратеничката Стојчевска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница