еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Кој е Борче Стаменов, кој е прогласен за Маж на годината за 2021 година според социјалните медиуми

Борче Стаменов е Маж на годината според социјалните медиуми за 2021 година, според гласањето на Фејсбук-страницата Мажи на годината.

Стаменов освои најмногу лајкови и со тоа заслужено ја понесе оваа награда.

Изборот на Мажи на годината во организација на „Фрајдеј комуникации и „Џентлмен магазин“ ќе се одржи на 24 ноември (среда) и вклучува 13 добитници во 13 категории помеѓу кои и главната награда за Маж на годината за 2021 година.

Кој е Борче Стаменов?

Борче Стаменов e херојот од Кавадарци, кој секојдневно склопува и поправа стари компјутери кои ги подарува на социјално загрозени семејства, деца со попреченост, или едноставно, наши сограѓани кои не можат да си дозволат сами да си купат.

Се започнало кон крајот на 2016 година кога во фирмата во која 20 години работи „Бидат информатика“, една жена му побарала половен компјтер.

„Старите компјутери ги чував за делови, не ги фрлав. Жената кога ми побара, склопив еден и утредента ѝ го однесов. Немаше ни со што да си го земе. Четирите деца кога го видеа се израдуваа, никогаш претходно немале видено компјутер. И така започна се,“ раскажува Борче за еМагазин.

Повеќе за приказната на Стаменов, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борче Стаменов „Донирај компјутер“ е еден од добитниците на наградата „7 Септември“ на Општина Кавадарци

Кавадарчанецот Борче Стаменов го донираше 1.000 компјутер, трошоци 0 денари

(Фото) Пендаровски со поддршка за хуманитарецот Борче Стаменов, иницијатор и организатор на хуманитарната акција „Донирај компјутер“

Фото: emagazin.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 468 нови случаи на Ковид-19 од 4.295 тестирања

Редакција

На 24 мај заедничка литургија во Соборниот храм: Делегација на СПЦ предводена од српскиот патријарх г. г. Порфириј во посета на МПЦ-ОА

Редакција

Ботокс и бразилски задник се хит третмани кои жените ги бараат на Клиниката за пластична хирургија, вели хирургот Пеев

Силвана Жежова

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница