еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Фадил Бајрами, кој повторно е именуван за вицегувернер на Народната банка

Фадил Бајрами повторно е именуван за вицегувернер на Народната банка.

Кој е Бајрами?

Според неговата официјална биографија тој е роден во Аранѓел, 1960 година.

Бајрами од 2011 година е доктор на економски науки. Со докторат се стекнал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на Економскиот институт.

Во 2004 година станал магистер на економски науки на Економскиот факултет во Приштина.

На истиот факултет дипломирал во 1984 година.

Вицегувернер на Народната банка е од септември 2005 година.

Зад себе има неколку различни работни искуства.

Бил предавач на Универзитет „Мајка Тереза“ ‒ Скопје, Државен универзитет во Тетово, бил и пратеник во периодот од 1998 – 2002 година, градоначалник на Општина Осломеј, 1996 ‒ 1998 година, директор на „Инженеринг ‒ АГ“ Кичево, сметководител…

Во периодот од 1999 – 2005 година е член на Совет на Народната банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Фадил Бајрами, кој повторно е именуван за вицегувернер на Народната банка

Фото: Народна банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

22-годишно момче прегази пешак на патот Куманово-Крива Паланка, кој почина

Редакција

Жители на Слупчане уништија трафостаници и оставија без струја шест села

Редакција

„Џоинт дан’ требит? Автобуска Охрид 2021„: Твитер реакции за најавата на Заев за легализација на марихуаната

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница