еМагазин
Image default
Македонија

Кој е Максим Ацевски, новиот главен државен ревизор

Собранието на денешната седница го избра Максим Ацевски за главен државен ревизор, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Одлуката за изборот на Ацевски беше донесена едногласно со 81 глас „за“. По изборот главниот државен ревизор положи свечена заклетва пред Собранието.

Ацевски е дипломиран економист од Велес. Во Државниот завод за ревизија (ДЗР) е од 2001 година до денес. Често пати во медиумските настапи зборувал за потребата од зајакнување на капацитетите на Државниот завод за ревизија, но и за односот на надлежните институции кон неправилностите што ги регистрираат ревизорите.

Кон крајот на 2017 година истече мандатот на Тања Таневска, а во изминативе неполни две години со ДЗР раководеше заменикот на главниот државен ревизор, Насер Адеми, но неговиот мандат во траење од 9 години, истече на 4 октомври, без да биде назначен овластен потписник. Поради ова фунционирањето на институцијата беше доведено во прашање.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 е хоспитализиран, можно е да биде опериран

Редакција

Заев ќе го тужи потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски за изјава за “Рекет“

Редакција

(Видео) Запален домот на Александар Пандов, директорот на Управата за извршување санкции

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница