еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Миле Зечевиќ, кој сака да се кандидира за лидер на СДСМ

И поранешниот долгогодишен организациски секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, размислува да се кандидира за нов претседател на партијата.

Одлуката дали ќе влезе во „трката“ треба да ја донесе денеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема амбиции за премиер: И Зечевиќ сака да се кандидира за претседател на СДСМ

Кој е Миле Зечевиќ

Зечевиќ е советник на премиерот Зоран Заев, за адвокатски услуги, а на почетокот на 2019 година стана дел од Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола.

Според биографијата која ја доставил до Собранието на акционери на Банката, тој работел како стручен соработник во Владата и во периодот од 1998-1999 година, во кабинетот на тогашниот премиер.

Во периодот од 1999-2001 година е стручен соработник во Основен суд Скопје 1-Скопје.

Од 2001-2002 година е шеф на кабинетот во Министерството за одбрана.

Од 2002-2004 година е генерелен секретар во тогашната влада на СДСМ.

Од 2004-2006 година е директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Во 2008 година почнал да работи како адвокат во адвокатска канцеларија Миле Зечевиќ.

Образование

Дипломирал на Правен факултет Јустинијан Први Скопје и го има положено правосудниот испит.

Во 2016 година станал Магистар по казнено право и криминологија и Доктор на правни науки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И партискиот активист Властимир Алексовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ 

И директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски размислува да се кандидира за лидер на СДСМ

И Фросина Ременски кандидат за претседател на СДСМ: Каков имот пријавила?

Каков имот пријавил Димитар Ковачевски, кој ќе се кандидира за претседател на СДСМ

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Кунгуловски: Прележаните од Ковид-19 имаат слична заштита како и вакцинираните, од каде излезе оваа со 45 дена

Редакција

Обвинителство утре ќе информира за случајот за Жан Митрев

Редакција

Ковачевски во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница