еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кој е Папата Франциск

Папата Франциск, роден како Хорхе Марио Бергољо, Аргентинец со италијанско потекло, е поглавар на Римокатоличката црква од 13 март 2013 година.

Во редот на исусовците се приклучил во 1969 година. Тој е 266. поглавар на Римокатоличката црква.

Го наследи Бенедикт Шеснаесетти, кој поднесе оставка. Тој е првиот верски поглавар на 1,2 милијарда католици кој доаѓа од Латинска Америка и прв папа кој не е од Европа, по речиси илјада години.

Папата Франциск е првиот језуит на чело на Ватикан.

Роден е на 17 декември 1936 година во Буенос Аирес. Дипломирал на Теолошкиот факултет во Сан Мигел, a во родната Аргентина предавал и работел на ширење на верата. За кардинал бил избран во 2001 година.

Работел на подобрување на угледот на црквата, која загубила многу верници, бидејќи отворено не застанала против диктатурата во Аргентина во 70-тите години од 20 век. Во 2005 година бил во најтесниот избор на претходната конклава кога кардиналот Џозеф Рацингер бил избран за папа Бенедикт Шеснаесетти.

Токму приврзаноста на редот на језуитите ја објаснува неговата одлука како папа да го носи името Франциск, по светиот Франческо Асишки, светец заштитник на сиромашните.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пренос во живо од Апостолската посета на Папата Франциск

(Фото) Кој го пречека Папата Франциск на аеродромот во Скопје

Детална мапа: Скопје блокирано поради доаѓањето на Папата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како изгледа резиденцијата на јапонскиот цар

Редакција

Русија „радикално“ ќе ја намали воената активност во Киев и Чернигов

Редакција

Новак Ѓоковиќ не сака да се вакцинира, и по цена да ја заврши тениската кариера

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница