еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е Сали Мурати, новиот претседател на Уставниот суд

Судијата Сали Мурати денеска беше избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател Никола Ивановски, на кој на 1. ноември годинава му завршува мандатот.

Кој е Мурати?

Според неговата официјална биографија, Сали Мурати е роден во октомври 1966 година во с.Врапчиште, Гостивар.

Дипломирал на Правниот факултет при Белградскиот Универзитет во Белград во 1991 година, а правосудниот испит го положил во 2005 година.

Од 1993 до 2005 година работел во Бирото за правни и економски услуги – Гостивар како дипломиран правник.

Од 2005-2012 година работел како адвокат во Гостивар.

Од дипломирањето до сега активно се занимавал со правната проблематика од областа на уставното право, правата на заедниците, слобода на мисла и вероисповест и меѓународно приватно право.

Има објавено многубројни статии од правна проблематика во разни весници во државата и надвор од неа. Учествувал во над 15 меѓународни конференции со правна содржина во разни земји во странство. Особено работел на проблемите на немнозинските заедници во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијата Сали Мурати избран за нов претседател на Уставниот суд

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тим од САД ќе „лови„ корумпирани функционери во Македонија

Редакција

Општина Центар склучи договор со “Гама градба“ вреден 694,9 илјади евра

Редакција

Кој е Ваљон Беља, кој беше застрелан во скопски Чаир

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница