еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој го финансира бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“ во Охрид?

Главен финансиер на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“, кој деновиве се отвори во Охрид е основачот и директорот на бугарската клиника „Комак Медикал“, д-р Милен Врабевски.

И Врабевски беше меѓу официјалните гости на свеченото отворање на вториот бугарски културен клуб во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој се отвори во Охрид

Кој е Врабевски

На македонската јавност, бугарскиот филантроп Врабевски и стана познат кога за време на ковид-пандемијата организираше вакцинирање против Ковид-19 за “браќата и сестрите“ од Македонија во Бугарија.

Тој е основач и претседавач и на Фондацијата “Бугарска меморија“, основана во 2007 година и важи за главен поддржувач на бугарските здруженија во Македонија, меѓу кои и на здружението „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Зголемени државните средства за подршка на Бугарите во странство

Приватните фондации, како таа на Врабевски, кои последниве години се многу активни во Македонија, но и во Албанија, не се единствениот приход за бугарските здруженија.

Тие добиваат пари и од државата.

Комитетот за политики за Бугарите во странство годинава повторно ја зголеми финансиската помош и одобри 400.000 евра за поддршка на организациите на бугарските заедници во Албанија, Србија, Косово, Молдавија и Македонија.

Во 2020 година за нив беа наменети 250.000 евра, а во 2021 година, сумата за 40 проекти, се зголеми на 300.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седиштето на бугарскиот клуб во Охрид веднаш до куќата каде Колишевски е осуден на смрт

(Видео) И во кафана се славеше отварањето на бугарскиот клуб во Охрид

(Видео) Јајца и камења за новиот бугарски клуб во Охрид, спречен инцидент

Фото: „Комак Медикал“/Фејсбук/Цар Борис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пробен чартер лет на Ибериа, со цел авионско поврзување помеѓу Скопје и Мадрид

Редакција

Имала тешка анемија: Во Тетово од Ковид-19 почина 31-годишна жена, 40 пациенти се на кислородна поддршка

Редакција

Македонската компанија Panteleon GS започна да работи со нов американски клиент, кој е во потрага по генерален директор со познавање на транспортната индустрија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница