еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Коѕијас поднесе оставка поради Договорот од Преспа

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиjас денеска поднел оставка, еден ден по напнатата средба во владиниот кабинет, кога избила расправија помеѓу министерот за одбрана, Панос Каменос, во врска со Договорот од Преспа, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Според извори на весникот, Коѕиjас бил незадоволен што премиерот Алексис Ципрас не го поддржал за време на нападите од Каменос, кој исто е коалициски партнер во владата.

Според истите извори, за време на вчерашниот состанок на кабинетот, Каменос го обвинил Коѕиjас за лошо управување со тајните фондови на Министерството за надворешни работи и како човек на американскиот милијардер Џорџ Сорос.

Помошниците блиски до министерот за надворешни работи рекоа дека Коѕиjас бил „длабоко навреден” од наводите.

Премиерот Алексис Ципрас ја прифатил оставката и се заблагодарил на неговиот министерски ангажман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас по оставката на Коѕијас: Грција нема да прифати прием на Македонија во ниедна меѓународна организација без уставни измени

По оставката на Коѕијас, Ципрас ќе го преземе неговото место за да го спроведе Договорот од Преспа

Грчки медиуми: Коѕијас се заканил со оставка на вчерашната седница на грчката Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Секое возило кое влегува и излегува од Дебар и Центар Жупа се дезинфицира

Редакција

Од утре нема сликање за документи во „Пролет“ без закажување

Редакција

Проф. Трајковски: Во текот на целиот септември можеме да очекуваме над 100 нови случаи на Ковид-19 дневно

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница