еМагазин
Image default
Македонија

Кој се е предложен за новиот состав на ДИК

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница со 9 гласа „за“ ја изгласа Предлог-одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија (ДИК).

За претседател на ДИК е предложен Александар Даштевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, а за потпретседател Дитмире Шеху од ДУИ, која и сега е потпретседател на Комисијата.

СДСМ ја даде поддршката на кандидатурите на Борис Кондарко и Радица Ристеска, актуелни членови на ДИК, како и на Оливер Ристовски, поранешен заменик министер за правда.

Втор член на ДИК со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Бобан Стојаноски, правник во Собранието.

Алијанса на Албанците, која е во коалиција со Алтернатива ја поддржа кандидатурата на Кренар Лога, правник од Струга.

Старо-новиот состав на ДИК треба да биде изгласан на пленарната седница закажана за напладне, со двотретинско мнозинство.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува на 15-ти овој месец.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 22 градоначалници, СДСМ 9, во вториот битката ја продолжуваат во 25 општини

Редакција

Заев-Радев: Посетата е значаен исчекор во дијалогот помеѓу двете држави

Редакција

Прекин на сообраќајот кон Косово утре и задутре

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница