КОД на телевизија Телма објави дека дел од парите од “Рекет“ се најдени во сеф во домот на Бојан Јовановски – Боки 13.
Според спецификацијата која претходно е направена врз банкнотите е утврдено дека тие се парите од првите половина милион евра која ги дала сопругата на бизнисменот Орце Камчев, додека тој се уште бил во притвор.
“Пари има и во телефонот на Боки 13. Тој е авторот на фотографија на која е сликан ликот на специјалната обвинителка со 50 илјади евра кај неа. А токму во обвинението таа се товари дека наградата која ја земала се педесет илјади евра и софа набавена од Зона мебел вредна околу 5 илјади евра“, објави КОД.
Повеќе ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Телма: Фросина Ременски го сменила телефонот четири дена пред отварањето на „Рекет“