еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Кога жената треба да поднесе писмено барање за прекинување на бременоста

Прекинувањето на бременоста од дванаесеттата до дваесет и втората гестациска недела од бременоста по писмено барање од бремената жена односно од родителот, односно старателот ако бремената жена е малолетна или е лишена од деловна способност може да се изврши при што пред прекинување на бременоста докторот може да побара мислење од друг доктор специјалист од соодветна гранка на медицината, информираат од Министерство за здравство за новиот закон за прекинување на бременоста кој помина во Собранието.

„По дваесет и втората гестациска недела за прекинување на бременоста одлучува првостепена комисија за одобрување на прекинување на бременоста во здравствена установа составена од двајца доктори специјалисти по гинекологија и акушерство и еден социјален работник.

Доколку жената не се согласува од одлуката на првостепената комисија има право на приговор до второстепената комисија составена од двајца доктори специјалисти по гинекологија и акушерство, доктор специјалист по детска хирургија, психолог и еден член со најмалку пет години работно искуство во областа на родовата еднаквост.

Со донесувањето на овој Закон, на жените им се овозможуваат комплетни, објективни и точни информации во врска со начинот на изведување на интервенцијата, што може да се очекува за време на прекинувањето на бременоста и по завршувањето на постапката, за методите на контрацепција пред и по спроведувањето на прекинување на бременоста на начин разбирлив за жената, со цел да може да донесе одлука и да даде изјава за согласност, а воедно се укинуваат административните бариери, односно чекање од три дена по советувањето.

Одлуката за прекин на бременоста е право на жената и тоа никој не може да и го одземе“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието го донесе Законот за прекинување на бременоста: Укинување на постојните административни бариери

Црквите и ИВЗ заеднички против предлог-законот за прекинување на бременоста

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) На Денис Јанкуловски Космонаутко му се исполни голема желба: Се чувствувам како да добив Оскар

Редакција

Неколку потврдени случаи во кои лица во Македонија воопшто немаат антитела, три месеци по примањето на вакцината „Синофарм“

Редакција

Почина актерката Катина Иванова

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница