еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои директори на јавни и државни претпријатија и институции ќе плаќаат повисок данок за нивните плати

Премиерот, министри, владини советници ќе се „спасат“ од плаќање повисок данок за нивните плати, бидејќи имаат примања пониски од 90.000 денари, но во Македонија постојат институции, државни и јавни претпријатија, каде директорите, претседателите, членови…, земаат поголеми плати.

Таков е на пример случајот со Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), која е една од ретките во земјата која јавно ги објавува платите.

Актуелниот претседателот на РКЕ, Марко Бислимоскиима месечна плата од 97.114 денари, а неговиот заменик, Куштрим Рамадани од 91.276 денари.

Податоци за директорските плати на бројните јавни и државни претпријатија тешко може да се најдат.

Од актуелната влада неодамна најавија дека во иднина работењето на овие претпријатија и институции ќе стане потранспартено, а она што е познато, е дека пред промената на власта во неколку претпријатија од типот на Водостопанство на Македонија, Македонски шуми…, како што информираа од Владата, платите се движеле и до 100 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се тие еден процент од граѓаните кои ќе бидат опфатени со прогресивниот данок

Платата на Заев не подлежи на новиот данок, има ли министри кои ќе плаќаат повисок данок?

Анѓушев: Јас сум еден од тие кои подлежи на новиот данок

Тевдовски: Со министерска плата не можам да обезбедам моите деца да одат во приватно школо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штабот на Пендаровски: Имавме скандинавски избори

Редакција

За осум дена ќе се знае дали Никола Груевски ќе стане првиот премиер-затвореник

Редакција

Сто интервенции на Службата за итна помош изминатото деноноќие во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница