еМагазин
Image default
Локално

Кои се цените: Во Струга почна зонско паркирање

Во Струга од денеска почнува да се наплаќа зонско паркирање. Стружани и туристите своите моторни возила ќе може да ги паркираат во екстра и во прва зона со почетна цена од 40 односно 30 денари за час.

Јавното претпријатие за паркови и зеленило „Еко Струга“, под чија надлежност се градските паркинзи, соопшти дека паркинг ќе се наплаќа од 7 до 24 часот.

Во екстра зона првиот час ќе чини 40 денари, вториот 30 денари, а секој нареден по 20 денари.

Во прва зона пак, почетниот час ќе биде 30 денари, а секој нареден ќе се наплаќа по 20.

Овој ценовник, како што информира претпријатието, ќе важи од 1 мај до 30 септември, во останатиот период од годината цените ќе бидат намалени за 10 денари.

– Ониe кои нема да пријават паркирање, односно нема да испратат смс порака, а ги паркирале своите моторни возила на местата определени за зонско паркирање ќе им бидат поставени блокатори или налози со надоместок од 1.000 денари за непријавено паркирање, соопшти „Еко Струга“.

Екстра зоната, според соопштението, ги опфаќа паркинг местата во централното градско подрачје, односно „Плоштад на револуција“, Машка и Женска плажа, Пливалите, дел од улиците „Димче Ковачески“ и „Боро Хаџиески“.

Прва зона ќе се наплаќа на дел од улиците „Партизанска”, „Боро Калајѓиески“, „Маршал Тито“ и „Разме Малески” и паркингот пред џамијата „Мустафа Челеби“.

МИА/Фото: Општина Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избегал откако со товарно возило полно со мигранти удрил во кабина на „патарината“ Миладиновци

Редакција

47-годишен маж убиен во Боговиње, убиецот фатен за 15 минути

Редакција

Маж се удави во Охридското Езеро

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница